Утрински Весник
Спорт

Нико Розберг одбил 100 милиони долари за продолжување во Ф1

Нико Розберг одбил 100 милиони долари за продолжување во Ф1

Нико Розберг открива дека пропуштил шанса да заработи 100 милиони долари, откако ја направи шокантната одлука да се повлече од Формула 1 по освојувањето на светската титула во 2016 година.

Германецот таа година, конечно, успеа да го победи својот колега од Мерцедес, Луис Хамилтон, но неколку дена по освојувањето на трофејот реши да замине во пензија на 31-годишна возраст. И покрај шпекулациите за камбек, Розберг остана на своето и сега работи како ТВ-коментатор, газда на Формула Е тим, и како успешен бизнисмен.

„Сакав да избегнам заминување од Формула 1 како човек од минатото или некој кого веќе не го сакаат во тимовите. Мислам на маса имаше 100 милиони долари, но се откажав. Сакав поинаков стил на живот. Кога се тркате немате флексибилност. Тоа беше најдобрата одлука за моето семејство и воопшто не помислив на парите“, вели Розберг во интервју за магазинот „Тајмс“.

> Нико Розберг одбил 100 милиони долари за продолжување во Ф1 <

Можете да прочитате

Тежок инцидент во РК Загреб, Кос го нокаутирал соиграчот Мандиќ

ФИФА го избира најдобриот: Родри, Вини или можеби Меси?

Омерагиќ официјално кандидат за претседател на ФФМ