Утрински Весник
Спорт

Нико Ковач со Монако ги засени достигнувањата на Дешам, Раниери, Венгер

Нико Ковач со Монако ги засени достигнувањата на Дешам, Раниери, Венгер

Хрватскиот фудбалски тренер, Нико Ковач оствари голем успех со екипата на Монако. По победата на клубот од Кнежевството кај Ница, во 16-финалето од францускиот Куп (2-0) Нико Ковач ја забележа 19-тата победа во 30-тиот меч на клупата на Монако сезонава. Со тоа оствари 63% победи откако е на кормилото на клубот кој претходните сезони се бореше за опстанок.

Во историјата на клубот, Монако осумпати бил шампион на Франција и петпати го освојувал Купот, а на клупата на екипата биле имиња од калибарот на Арсен Венгер, Жан Тигана, Дидие Дешам, Клаудио Раниери и Леонардо Жардим. Само еден тренер остварил подобар резултат од Ковач во првите 30 меча на кормилото.

Тоа е Анџело Гризети и тоа во далечната 1952/53 година. Тој тогаш имал 67.5% успешност.

Ковач има одлична сезона со Монако, пред две недели кај Стразбур во Лига 1 екипата го доживеа првиот пораз (1-0) по 12 меча без пораз, од кои 10 беа победи.

Во моментов во првенството Монако е на четвртата позиција со -7 бода од лидерот Лил.

> Нико Ковач со Монако ги засени достигнувањата на Дешам, Раниери, Венгер <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Познати осминафиналните парови во фудбалскиот Куп на Македонија

Емил Рајковиќ и Александар Џикиќ држеа предавања на македонските тренери

УЕФА го осуди нападот врз претеседателот на ФФМ Муамет Сејдини