Утрински Весник
Магазин

Никол Кидман привремено замина од Хонг Конг по спорот со режисерката

Никол Кидман привремено замина од Хонг Конг по спорот со режисерката

Холивудската sвезда Никол Кидман, која предизвика негодување кога беше изземена од строгите правила за карантин кога пристигна во Хонг Конг на снимање минатиот месец, наводно, го напуштила градот.

Таа беше на снимање на новата Амазонова драма Expats, но се шпекулира дека имале различни мислења со режисерката на серијата Лулу Венг и дека не се чувствува удобно поради условите за работа при снимање.

Локалните медиуми објавија дека 54-годишната актерка поднела барање за одмор од два месеци, а во неделата (5 септември) заминала од градот со приватен авион Се очекува таа да се врати во ноември.

Одлуката на владата да ѝ дозволи на Кидман да го прескокне долгиот период на карантин при пристигање во градот предизвика голем бес во јавноста, но властите нагласија дека условите поставени за изземањето се исполнети и дека ќе продолжат да ја следат ситуацијата за да обезбедат усогласеност.

Можете да прочитате

Зорица Брунцлик итно префрлена на хирургија

Најевтината туристичка дестинација: Седумдневен пакет „сè вклучено“ чини 270 евра

Најдобри автомобили: Нема дефекти и поправки дури ни по 100.000 километри