Утрински Весник
Магазин

Никол Кидман во блескаво издание 

Никол Кидман во блескаво издание 

Таа ја толкува улогата на една од најпознатите телевизиски ѕвезди на сите времиња, Лусил Бол.

Затоа, не е изненадување што Никол Кидман го донесе стариот холивудски гламур на црвениот тепих додека присуствуваше на премиерата на биографската драма Being The Ricardos („Да се биде Рикардос“) во Лос Анџелес во понеделникот вечерта.

Актерката (54) изгледа етерично во лелеава тоалета на „Армани Прајв“ додека му се придружува на сопругот на екранот Хавиер Бардем на промоцијата на филмот.

Филмот е базиран на вистинита приказна, а дејствието се фокусира на Лусил (Кидман) и нејзиниот прв сопруг Деси Арназ (Бардем), автори на ситкомот „Ја сакам Луси“, додека се соочуваат со криза која се заканува да стави крај на нивните кариери, и друга криза што може да стави крај на нивниот брак.

Можете да прочитате

Три хороскопски знаци кај кои самодовербата лесно преминува во суета

Спиењето во целосна темница може да го намали ризикот од срцеви заболувања

Тие се најголемите хипохондрици во хороскопот и животот е тежок со нив