Скопје, 29 јуни 2020 (МИА) – Потпретседателот и носител на изборна единица 4 Александар Николоски денеска е во посета на Валандово и валандовскиот регион.
Николоски оствари неформална средба и со поранешниот претседател на Република Македонија, Ѓорге Иванов од кој, како што вели, добил поддршка за предвремените парламентарни избори.
-Денес сум горд што добив поддршка од претседателот Ѓорге Иванов. Претседателот Иванов мојот професор од студентските денови од кого научив многу за политиката која сега ја применувам е најчесниот и најискрен претседател кого Македонија го имала. Далеку најголем патриот на чело на државата. Човек кој се спротистави на националното обезличување на Македонија. Неговата визија и совети се од голема помош за мене во оваа кампања, рече Николовски.
Тој додаде дека во неговото родно Валандово со иванов разговарале за иднината на Македонија.
-Ќе ја направиме економски силна, а народот национално горд. Заедно ќе победиме во четворката и во цела Македонија, напиша Николоски на својата официјална фејсбук страница. сст/