Утрински Весник
Македонија

Николоски: Заев нема да ме замолчи да зборувам за „Рекет“, денес ме тужеше, а не дојде на Суд

Николоски: Заев нема да ме замолчи да зборувам за „Рекет“, денес ме тужеше, а не дојде на Суд

Денес најмоќниот живот во државата, премиерот на Република Македонија, Зоран Заев ме тужи за клевета, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, додавајќи дека во демократскиот свет не е видено премиер да тужи за клевета потпретседател на најголемата опозициона партија.

Се работи за негова изјава дадена на крајот на август 2019 година.

„Во изјава тогаш за јавноста јас споделив дека до нас доаѓаат сознанија согласно кои што сознанија се изрекетирани бизнисмен кои што во јавноста тогаш се тврдеше дека се работи за само еден бизнисмен, дека се изрекетирани многу повеќе средства од тие средства кои што тогаш беа споменувани во јавноста дека се работи за една сума однекаде од над 20 милиони евра и дека таа операција не може да ја завршат двајца или тројца луѓе, дека е добро организирана операција и дека на врвот на таа пирамида стои Зоран Заев и СДСМ. Времето коешто дојде после таа изјава ги потврди овие мои наводи во јавноста. Да е апсурдот поголем, јас иста таква изјава дадов и на 10 август 2019 година, значи некаде 18 дена пред да ја дадам изјавата за која што сум тужен“, рече Николоски.

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ вели дека изјавата не била демантирана, а семејството Заеви биле опседнати со него бидејќи претходно за клевета бил тужен и од Вице Заев.

„Она што исто така е забележително и во претходниот и во овој случај е дека, како што не се појави Вице Заев на рочиштето на кое ме тужеше за клевета, на ист начин денес Зоран Заев не се појави на рочиштето на коешто ме тужи за клевета, напротив избра да испрати адвокат од најскапата адвокатска канцеларија во Македонија, а јас еве повторно решавам да се бранам сам затоа што веројатно онаму каде што е вистината нема потреба од адвокати, а онаму каде што не е вистината има потреба од скапи адвокати“, изјави Николооски и додаде дека се надева оти во овој судски процес ќе ја докаже вистинитоста на негоавата изјава.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Почнува кампањата „16 дена активизам против родово базирано насилство“

Студено утро со температури и до минус 11 степени

Скопје никако да се спаси од загадувањето, повторно во топ 10 најзагадени градови во светот!