Утрински Весник
Политички Партии

Николов: И покрај препораката на СЗО да се тестираат повеќе граѓани сепак има лимитиран број на тестови

Николов:  И покрај препораката на СЗО да се тестираат повеќе граѓани сепак има лимитиран број на тестови

Скопје, 31 март 2020

Бројот на заразени пациенти со корона вирусот продолжува да расте. Во исто време и бројот на починати пациенти од Ковид-19 се зголемува.

Во изминатите 48 часа, еден пациент почина заради нејасна патека за хоспитализација и постапување.

И покрај препораките на Светската здравствена организација да се тестираат што поголем број на граѓани и мотото на СЗО „Тестирај, тестирај, тестирај“, особено за ризичните групи, загрижува податокот дека само лимитиран број на тестови се изведуваат во текот на 24 часа при што во континуитет се добива дневно слична бројка на ново заболени.

Во исто време загрижува и фактот што медицинскиот персонал е во најголем процент од заразените пациенти односно околу 12%, а со начинот на менаџирање на кризата и недостигот на медицинска опрема, најверојатно овој процент ќе се зголемува и понатаму.

Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ во врска со пандемијата на корона вирусот и пропагацијата на Ковид-19 ги дава следните предлози:

Ургентно да се преземат мерки за обезбедување на соодветна опрема за персоналот и негова заштита, штедење на истиот, преку точно подготвен и испланиран Бел план за функционирање на здравствените институции.

Голем број од здравствените институции во моментот не спроведуваат никаков план за ротации на персоналот, ниту пак и редукција на активноста.

Потребен е јасен алгоритам каде ќе се следат и третираат бремените жени кои се пред породување, а ќе бидат со инфекција Ковид-19.

Потребен е алгоритам каде ќе се следат и третираат оноколошките пациенти кои ќе бидат со инфекција Ковид-19. Имаат ли институциите за онколошки пациенти протокол за подготовка и следење на истите?

Да се организира превоз за вработените во здравствените организации кои заради полицискиот час и вонредната состојба имаат проблеми да дојдат и да си одат од работните места. За чудо здравствените работници во кампусот „Мајка Тереза“ се уште плаќаат паркинг.

Неопходна е соодветна опрема за медицинските работници и обука на персонал кој ќе биде директно задолжен за лекување на пациентите кои ќе бидат позитивни на вирусот на корона.

Пациентите кои не се со потврден Ковид-19, потребно е да се иследуваат од мултидисциплинарен тим кој ќе биде опремен и обучен за работа со вакви пациенти суспектни за Ковид-19.

Да се дефинира и детерминира начинот на однесување со починатите лица, како ќе се транспортираат, по кои протоколи ќе се дезинфицираат возилата и просториите каде што се одложуваат.

Рестриктивни мерки и прогласување на карантин во градовите со најмногу инфицирани и заболени пациенти. Тоа се Скопје, Куманово и Струга.

Регионите од каде има и најмногу починати се практично најзагрозени за понатамошно ширење на болеста.

Информациите кажуваат дека во местата во околината на Струга има поголем број на заболени кои не се под медицинска контрола. Потребно е итно преземање на мерки за корегирање на ваквата состојба.

Предлагаме подготовка на големите спортски објекти, на пример арената „Борис Трајковски“ да се подготви за примање и згрижување на поголема група на пациенти. Тоа да биде направено по примерот на соседните главни градови Софија, Белград и Загреб.

И на крај да се продолжи со барање на меѓународна помош која би била во опрема, материјали и експерти.

Игор Николов, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

___________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт