Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Николов: Изборите во Штип ќе бидат пример во регионот за безбедно гласање во време на Ковид-19

Николов: Изборите во Штип ќе бидат пример во регионот за безбедно гласање во време на Ковид-19
300x250 opst2

Кандидатот на СДСМ за градоначалник на Штип, Сашко Николов, во директното онлајн обраќање, вечерва им се заблагодари на граѓаните за целата поддршка во изминатите три недели, за целата сила и енергија испратена за изборите чија кампања се одвива преку медиуми и социјални мрежи, поради заштита на здравјето.

„Изборите на 13 декември ќе бидат најбезбедни за здравјето на избирачките одбори и гласачите, ќе бидат избори за пример во целиот регион како во време на пандемија, на здравствена криза, ќе избереме градоначалник“, им порача Николов на граѓаните.

Николов зборуваше и за наводните сигнали дека од раководството на ВМРО-ДПМНЕ им се јавуваат на граѓаните и им се закануваат да не излегуваат на избори.

„Драги мои Штипјани времето на Груевски, време на диктаторство, времето на таа матрица, заврши. Во 2016 година претседателот Зоран Заев со пенкало успеа, целата таа кула од карти на диктатура да ја сруши. Не се плашите дека некој ќе ви ја загрози безбедноста, фамилијата, работењето. Ние живееме во демократија, со демократска партија која на најдемократски начин обезбедува слобода на говор, медиуми, а пред се слобода на демократско избирање, затоа најслободно излезете на гласање и изберете го својот кандидат“, порача Николов.

Тој ги повика штипјани на 13 декември да гласаат за број 2, додавајќи дека со изборот на таа опција Штип ќе остане во сигурни раце.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Миноски: Народ што избира корумпирани политичари не е жртва, туку соучесник!

Аврамоска: Левица во Советот на Охрид беше најактивна партија – така и ќе продолжиме

Фон дер Лајен следната недела доаѓа во Скопје