Утрински Весник
Македонија

Николовски: Соработката со Државниот ревизор е значајна во борбата против корупцијата и криминалот

Николовски: Соработката со Државниот ревизор е значајна во борбата против корупцијата и криминалот

Денеска заменикот на претседателот на владата задолжен за борба против корупција и криминалот, Љупчо Николовски имаше работен состанок со Главниот државен ревизор Максим Ацевски. На состанокот беше потенцирана важноста на соработката со Државниот завод за ревизија во борбата против корупцијата и криминалот.

„Соработката со Државниот завод за ревизија е од исклучитечно значање во целокупната борба против корупцијата и криминалот и тоа не значи намалување на независноста на ДЗР туку употребување на професионализмот и информациите за навремено постапување по ревизорските наоди од страна на надлежните институции. Професионалниот капацитет на оваа институција е важен за рационално користење на буџетските средства и спречување на злоупотреба, и овој пристап е вграден во последните владини одлуки за ограничување на службените трошоци за угостителски услуги и за користење на службени возила“, рече Николовски.

На состанокот вицепремиерот Николовски и главниот државен ревизор Ацевски разговараа и за реализацијата на мерките од Планот за борба против корупција, како и за потребата од активирање на Ревизорскиот комитет во склоп на Владата.

“Не секогаш треба да се ревидираат само расходите направени од буџетот на државата. Приходите се подеднакво важни. Со ваквиот пристап Државниот завод за ревизија со својата работа придонесе за влевање во буџетот на државата на 10 милиони евра во минатата година. На тој начин нашата работа има додадена вредност и за буџетот на државата и за граѓаните”, рече главниот ревизор Ацевски.

Николовски посочи дека наодите од ревизроските извештаи во кои се нотира незаконско работење на институциите се добар патоказ за надлежните институции за понатамошно постапување и дека секој ревизорски извештај детално се разгледува и на владините седници.

Можете да прочитате

Томас Вајц под закани поради извештајот за Македонија

Томас Вајц под закани поради извештајот за Македонија

За 14 години, Македонија изгубила 11,4 отсто од населението, тврди Евростат