Утрински Весник
Македонија

Николовски: Се грижиме за домашната економија, ќе направиме се Велес да го добие заслуженото место во неа

Николовски: Се грижиме за домашната економија, ќе направиме се Велес да го добие заслуженото место во неа

Велес, 30 јуни 2020 (МИА) – Една од нашите мерки е граѓаните да одмараат во недела и да им биде ден за семејството која ќе биде разработена во следниот мандат и воведена. Ме радува што граѓаните многу силно и преку вас медиумите ја препознаваат таа идеја. На овие избори нема ветувања од типот НАТО и ЕУ, затоа што тоа е завршена работа,членка сме на НАТО и влегуваме во ЕУ тие стратешки мерки се остварени и ние влегуваме со нови мерки, изјави денеска Љупчо Николовски носител на листа на СДСМ и Коалиција Можеме  во ИЕ 3.

Тој најави дека нивните мерки треба да овозможатда станеме еко држава, да ја развиваме државата со иновативни мерки, да ги развиваме нашите македонски сел, а да ги вратиме Македонците во истокот на земјата, а да ги извезуваме нашите македонски брендирани производи.

-Доаѓа време кога добрите чесните луѓе ќе бидат мотивирани и ќе ја добијат шансата, во следниот период и мандатот што следи и во следните изборни циклуси ќе се натпреваруваме конечно со идеи и концепти, најави Николовски.

Одговарајќи на новинарско прашање тој рече дека во Велес има многу компании кои веќе ја искористиле нивната финансиска подршка за инвестиции. Тој потсети дека и во корона криза илјадни вработени преку нивните мерки за помош на компаниите добиле плата и платежни картички.

Николовски смета дека Велес треба на секој можен начин да го добие заслуженото место во економијата и тие фокусот во наредниот мандат ќе го стават на економијата.

-Ние и во овој скратен мандат покажавме како е да се грижите за домашната економија. Ги изедначивме домашните и странските инвеститори и со тоа го исполнивме ветувањето од 2016 година. Сега одиме чекор напред, а особено преку ЕУ фондовите кои обезбедуваат 2,5 милијарди евра за земјата во наредниот период. Одлуката е веќе донесена и само треба да се имплементира во рамки на овој концепт и во рамки на нашето чекорење кон ЕУ и тие се пари кои доаѓаат во стопанството во земјава, најави Николовски.

Тој појасни дека 600 милиони евра влегуваат преку новата програма на СДСМ и коалицијата„Можеме“ за подршка на  стопанството и отварање на нови работни места

-Но, клучно е во оваа кампања и во следниот период да направиме услови да вратиме младите и Македонците,затоа што тие не избегаа само заради платите и вработувањата. Отворивме нови 72 илјади работни места во период од две ипол години и растат платите во сите сектори, а тоа се однесува и на Велес и во образование и во здравство и во култура и во социјала. Преку државата растот на платите во сите сектори предизвика и раст на просечната плата, затоа велиме ќе расте просечната плата и до 34 илјади денари и минималната плата ќе расте до 20 илјади денари, ние покажавме дека тоа знаеме и можеме да го направиме, потенцира Николовски.

Тој потсети дека и на велешко езеро „Младост“ нивните мерки ќе значат и мерки за развој на туризмот и ставање на акцент на Велес и потсети дека преку Владата Општина Велес доби повеќе средства за развивање на езерото во атрактивна туристичка дестинација.

Николовски денеска има средба со бизнисмените од градот и со граѓаните на Велес, а вечерва во 19 часот заедно со кандидатите за пратеници од Велес од ИЕ 3 и претсадателот на СДСМ Зоран Заев ќе имаат мини митинг во амфитеатарот на Младинскиот парк. ад/сст/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Средба на министерот Муцунски со министерот за надворешни работи на Република Турција, Хакан Фидан

За пет години Македонци вложиле над 50 милиони евра во недвижности во Грција

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ признава дека за седум години власт државата ја остави без соодветна опрема за справување со пожарите