Утрински Весник
Македонија

Николовски: СДСМ и коалицијата ќе забележат уште една сигурна победа

Николовски: СДСМ и коалицијата ќе забележат уште една сигурна победа

Љупчо Николовски, генерален секретар и шеф на централниот изборен штаб на СДСМ изјави дека во нивниот аналитички компјутерски центар веќе почнуваат да се пребројуваат гласовите од денешните локални избори.

„Првичните трендови укажуваат на тоа дека СДСМ и коалицијата ‘Најдоброто за мојата општина’ ќе забележат уште една сигурна победа“, рече Николовски, честитајќи им на сите граѓани кои учествуваа на изборите и до институциите кои овозможиле мир и демократски избори.

Во однос на проблемите кои се јавиле при гласањето со отпечаток од прст, Николовски рече дека се свесни за тоа, но немале друг избор, бидејќи станувало збор за барање на ВМРО-ДПМНЕ.

„Гласањето со отпечаток од прст беше услов за ВМРО-ДПМНЕ да гласаат за Изборниот законик и ние го прифативме тоа, со цел резултатите да бидат покредибилни и да нема алиби за било што“, изјави Николовски.

На следната прес-конференција се очекува да бидат соопштени првите резултати од изборите од аналитичкиот центар на владејачката партија.

Можете да прочитате

Коцевски: Се водат повеќе предистраги и истраги за дивоградби, не се сомневам во работата на обвинителите

АСОМ: Итно стопирање на законот за игри на среќа – 10.000 луѓе остануваат без работа

Тошковски и Саити потпишаа меморандум за соработка: Во фокусот превенцијата и одговорот при кризни и вонредни состојби