Николовски истакна дека во јавноста постојано стигнуваат нови информации за скандалозното прекршување на забраните од страна на Мицкоски и затоа тој мора да одговори на јавно поставени прашања.
„Мицкоски јавно призна дека ги прекршил мерките наивно обидувајќи да се оправда дека не ги познавал протоколите, истите протоколи кои тој и неговата партија ги критикуваа.
Дали на иста маса со Мицкоски седел и Ален Зеќиров, добро познат како поранешен член на обезедувањето на Сашо Мијалков и личност на која и се судеше за прегазување човек?
Дали на истата маса седел и поранешен директор на Управата за безбедност и контраразузнавање? Што разговарале и од што се криеле среде Скопје?“, праша Николовски.
Николовски оцени дека во време на оваа сериозна здравствено-економска криза Мицкоски свесно и намерно ги прекршува мерките и задолженијата и побара од министерот Наќе Чулев да не го следи својот лидер, туку да си ја врши работата.
„Има мерки и треба да има и казни! Секој што не го почитува законот треба да плати за тоа. Работи си ја работата министре и обезбеди го редот! Инаку, ќе станеме остров на зараза. Гледате колку треба. Неколку дена мангуплук и непочитување на редот и ефектите се очигледни“, заклучи Николовски.
__________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки