Утрински Весник
Македонија

Николовски: Потребна е поврзаност и дигитализација во работењето на инспекциските служби

Вицепремиерот Николовски најави дека ќе побара разрешување на директорката Димова

Споделувањето на документите со сите служби во државните институции кои би влегле во еден систем, е дел од процесот на поврзаност на кој се работи. Дигитализирањето на овој систем, според вицепремиерот за борба против корупцијата, Љупчо Николовски, е голем предизвик, а тоа ќе помогне во надминувањето на некои пракси од минатото, како нарачани инспекции и некоординираност. Николовски како проблем за функционирањето на инспекциите го истакна просторниот, но и кадровскиот потенцијал, за што, како што рече, е изготвена и доставена информација до Владата.

„Ги воочивме слабостите кои опстојуваат со години и се надевам дека во овој четиригодишен мандат тие ќе бидат надминати. Во однос на поврзаноста, и покрај тоа што сум информиран дека постојат неколку проекти со помош на ИПА и на ЕУ, ние ќе ги вложиме сите максимални напори, капацитети, целокупно знаење и можности, што побргу инспекциските служби да бидат поврзани помеѓу себе, да работат координирано, да биде заштитен и бизнис секторот и стопанството, да нема нарачани инспекции. Она ниво што досега е постигнато, да го подигнеме повеќе, инспекторите да бидат коородинирани, кога ќе одат на терен да се знае, дали други инспекции се најавени. Тоа да биде покоординирано, па дури и дигитализирано“, изјави Николовски, кој денеска заедно со директорката на Државниот инспекторат за труд, Јована Тренчевска, беше во Штип, каде се презентираа резултатите од работењето на овој инпекторат.

Вицепремиерот оцени дека, не само инспекциите, туку и сите други државни органи треба да бидат поврзани, со што секоја институција ќе ги добиваат истите документи во исто време за да не се губи на барање и на добивање докуименти.

Само во првите три дена од декември, како што соопшти директорката Тренчевска, биле спроведени 391 надзор и издадени 15 решенија за неправилности за прекршување на законот за работни односи и прекршување на регулативата за здравје и безбедност на работа. Во текот на ноември пак, биле извршеи 2272 надзори, со 106 издадени решенија со утврдени нерегуларности.

Извор: meta.mk

Можете да прочитате

Следната недела разговори за зголемување на минималната плата

УХМР: Од петок студен бран во Македонија – се очекуваат поројни дождови

Уште еден земјотрес ја стресе Македонија