Со години пред избори политичарите ветуваа ЕУ и НАТО, ама не се најде никој да ги донесе тие одлуки, да ја креира таа иднина. За само две и пол години, ние ги засукавме ракавите и рековме нема да се криеме и носевме храбри одлуки. Носевме одлуки без калкулација и ги решивме проблемите, го заштитивме идентитетот, македонскиот јазик го потврдивме. Тоа е патриотизам, да носиме храбри одлуки кои не носат напред“, рече Љупчо Николовски, генерален секретар на СДСМ и носител во ИЕ 3 на Коалицијата „Можеме“, на синоќешната трибина во Пробиштип.
Тој нагласи дека претставниците на бизнис секторот се радуваат на нашиот влез во НАТО, бидејќи на тој начин нивниот бизнис е побезбеден и има реални шанси за напредок. Тоа е резултат на храбрите одлуки кои биле без калкулации и со кои се потврди македонскиот јазик и идентитет.
„ Има една Македонија, нема друга, таа е Република Северна Македонија, со потврда на сите особености на нашиот јазик, нација и култура. Пред само две и пол години бевме раскарани со сите. Денеска сме светол пример, модел за решавање на проблеми и за силен напредок што го трасираме. Фирмите се радуваат на влезот во НАТО, тоа е за нив капитал, нивните фирми повеќе вредат и се посигурни. Влеговме во НАТО, ќе влеземе и во ЕУ“, рече Николовски.
Тој додаде дека се уште не е решено се, но се покажа дека за краток период, доколку се работи домаќински и одговорно може да се постигне напредок.
„ Влезени сме во политиката за да докажеме дека состојбите може да се променат, граѓаните да веруваат на политичарите во чесните и одговорните, оние кои работат единствено во интерес на граѓаните. Не за Субрата рој и за бегалецот во Будимпешта“, рече Николовски и додаде дека ова е нереформирано, корумпирано ВМРО-ДПМНЕ, со кандидати на Никола Груевски, со еден куп темни дамки и афери, кои удираат боксови на жени, кои трошат пари на панорамско тркало.
За разлика од нив Владата на СДСМ беше најтранспарентна влада која пред граѓаните отворено ги презентираше сите трошоци, а нејзините функционери не ги трошеа парите за сопствени потреби, како што тоа го правеше ВМРО-ДПМНЕ.