Утрински Весник
Политички Партии

Николовски од Виница: СДСМ покажа храброст и државотворност

Николовски од Виница: СДСМ покажа храброст и државотворност

Скопје, 3 март 2020

Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски вечерва беше дел од отворањето на изборен штаб на СДСМ во Виница каде пристапија над 150 нови членови.

Ја извадивме државата на прав пат и за само 2,5 години покажавме што значи вистинска грижа за граѓаните. Ние одиме по автопат напред кон ЕУ и НАТО, ВМРО-ДПМНЕ нуди обнова на режим и враќање кон темни ходници, затоа граѓаните на 12 април силно ќе порачаат – режим никогаш повеќе, истакна Николовски.

Николовски ги потенцираше економските реформи кои овозможија парите да се враќаат кон граѓаните.

За 2.5 години растат платите и пензиите, минималната плата ја покачивме за 5.500 денари. Затоа со чист образ од Виница порачуваме, во наредните 4 години во чист мандат минималната плата ќе порасне на 18.000 денари а просечната плата на 36.000 денари, посочи Николовски.

Се фокусиравме на решавање на проблемите со соседите и на меѓународните интеграции и испорачавме успех, ние сме де факто 30та членка на НАТО и ќе ги отвориме преговорите за членство за ЕУ. Испорачавме  успех и дома, отворивме 60.000 работни места и ја намаливме невработеноста на 17 отсто. Сега со уште поголема енергија ветуваме и ќе овозможиме отворање на нови 100.000 работни места и намалување на невработеноста до 8 отсто, додаде Николовски.

Тој потенцираше дека државата е извесна 30 земја членка на НАТО и напредува кон интеграција во ЕУ, што значи стабилност и безбедност но и повеќе економски можности за домашните компании, нови и поголеми инвестиции и повеќе пари во секое семејство.

Генералниот секретар Николовски истакна дека СДСМ на претстојните избори е фавориѕ, не само заради досега спроведените мерки туку и затоа што ја предводи најголемата коалиција.

Анкетите и истражувањата покажуваат дека СДСМ како предводник на најголемата коалиција и како партија која е модерна, европска и отворена за сите  убедливо ќе добие мандат за формирање влада на 12 април. СДСМ нуди напредок и интеграции и пари за граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ нуди изолации и враќање кон темното минато.Затоа секојдневно насекаде низ државата нови членови пристапуваат кон СДСМ, тоа е доказ дека победуваме, заклучи Николовски.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

___________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт