Утрински Весник
Македонија

Николовски објави дека е предложен за вицепремиер за борба против корупција

Николовски објави дека е предложен за вицепремиер за борба против корупција

Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски на Фејсбук објави дека е предложен за функцијата вицепремиер за борба против корупција, одржлив развој и човечки ресурси.

Почитувани пријатели,Ви благодарам што со ваша поддршка вртиме нов лист во развојот на нашата држава. Му благодарам…

Posted by Ljupcho Nikolovski on Среда, 19 август 2020

„ Ви благодарам што со ваша поддршка вртиме нов лист во развојот на нашата држава.

Му благодарам за довербата на премиерот Зоран Заев. За тоа што ми дава голема одговорност со тоа што ме предлага на позицијата вицепремиер за борба против корупција, одржлив развој и човечки ресурси.

Ви давам збор дека откако ќе добијам чест да стапам на таа позиција по дискусијата во Собранието, ќе дадам сè од себе за да донесам максимални резултати со кои како граѓани ќе се гордеете.

Мораме да одиме напред, не смееме да застануваме. Ќе се бориме заедно и ќе донесеме нови позитивни промени. Верувам во многу подобро утре. Знам дека можеме!“ напиша Николовски на Фејсбук.



Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Тошковски предупреди: „Сејф Сити“ ќе казнува и на зелено – 45 евра ако ја блокирате раскрсницата

Мицкоски: Нема предвремени парламентарни избори, владината реконструкција најдоцна до јуни

Мицкоски: На листата на Владата за државен обвинител се тројца кандидати, Ленче Ристоска не е меѓу нив