Утрински Весник
Македонија
Img 7972

Николовски: Лажни вести се дека директорката на Дерматологија со симптоми на корона била на партиски состаноци и на мојата свадба

Николовски: Лажни вести се дека директорката на Дерматологија со симптоми на корона била на партиски состаноци и на мојата свадба
300x250 opst2

Скопје, 9 март 2020 (МИА) – Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски денеска ги демантираше написите во некои медиуми за наводни карантини на функционери на СДСМ, поврзани со корона вирусот.

-Целосно ги демантирам лагите објавени на одредени медиуми познати како извори на лажни вести за наводни карантини на функционери на СДСМ поврзано со вирусот корона. Лажни се вестите дека директорката со симптоми на вирусот била на партиски состаноци и координации, а уште поголема лага е дека присуствувала на мојата свадбена веселба, напиша Николовски на својот статус на Фејсбук.

Апелира јавноста и  граѓаните да не подлегнуваат на лажни вести и целосно и редовно да се информираат исклучиво преку Министерството за здравство и министерот Венко Филипче, кој, како што напиша редовно и темелно известува за состојбата со вирусот Ковид – 19.

-Институциите прават сѐ и се подготвени да се справат со опасноста од ширење на вирусот, додаде Николовски. ац/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Филипче од Радовиш: Откупните цени никогаш не биле пониски, ДПМНЕ го обезвредни трудот на земјоделците

Мицкоски: Филипче ја доведе СДСМ до тоа дереџе во некои општини да биде трета, а некаде и четврта партија

Синдикат на полицијата протестира поради неетички изјави на обвинители во истрагата за пожарот во „Пулс“