Утрински Весник
Македонија

Николовски: За 2,5 години тежок мандат успеавме да спроведеме низа мерки за парите да се враќаат кај граѓаните

Николовски: За 2,5 години тежок мандат успеавме да спроведеме низа мерки за парите да се враќаат кај граѓаните

Граѓаните имаат лесен избор на овие избори, да гласаат за повеќе пари кај грѓаните, мерки за поддршка на младите, поголеми плати, повисоки пензии, а од друга страна нема втор концепт кој кажува каде ќе ја носи државата, истакна носителот на кандидатската листа на коалцијата Можеме во изборната единица 3, генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски, во емисијата Утрински брифинг.

„ Истокот најбрзо се развива, во следниот мандат ќе продолжиме со мерките и политиките за поррдшка на земјоделството, ќе обезбедиме 100% покриеност на зелена нафта за земјоделците, а тоа го можеме бидејќи водиме политики за враќање на парите кај граѓаните, не градиме скултури, не се изнесуваат парите во Белизе“, нагласи Николовоски.

Тој додаде дека пари во државата има, но зависи како се трошат, ако се однесувате домаќински има доволно пари за раст на плати, зголемување на пензии, враќање на дел од ДДВ назад кај граѓаните.

„ Истокот тоа го знае, некој добил државна пензија, некој социјална помош зголемена за три пати, стечајците добиваат помош од 8.000 денари“, истакна Николовски,

За 2,5 години тежок мандат освен крупните политики, успеавме да спроведеме низа мерки за парите да се враќаат кај граѓаните, порача Николовски.

Текстот Николовски: За 2,5 години тежок мандат успеавме да спроведеме низа мерки за парите да се враќаат кај граѓаните е превземен од МАКФАКС.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Николоски: Се надевам во новиот бран на оптимизам за проширување дека неколку поголеми и помоќни земји на ЕУ ќе се согласат и ќе извршат притисок врз Бугарија да не нè блокира

Николоски: Кога бевме опозиција отворив толку корупциски случаи, не може ова правосудство да не може да процесуира ништо

Битиќи: Власта ја ограничува мобилноста на граѓаните со високи трошоци за зелен картон