Утрински Весник
Македонија

Николовски: Да се прогласи итно кризна состојба во Куманово и Прилеп

Николовски: Да се прогласи итно кризна состојба во Куманово и Прилеп

Скопје, 16 април 2020

Борбата против корона вирусот за власта значи декор, прес конференции и надмудрување. За народот значи губење на здравјето, борба и страв за своите животи.

Овие безмалку два месеци гледаме серија на пропусти, недозволени грешки, а Владата делува дезориентирано и загубено.

Тие се посветени само на создавање на привид дека се работи нешто, а во суштина не се работи ништо. А најтешко е кога не се учи на грешките, и тоа се повторува како фарса, но таа фарса овој пат многу чини, чини човечки животи.

Куманово е тешко погодено од корона вирусот. Таму гледаме многу политика, многу партиски и внатрепартиски препукувања, а малку сериозни чекори. Предлагаме итно да се донесе одлука за прогласување на кризна состојба во Куманово  и бараме заради  терање политика и надмудрување во рамките на СДСМ  да не страдаат граѓаните.

Итно донесување на одлука за прогласување на кризна состојба во Куманово со цел да канализира борбата со коронавирусот и да почне да се решава овој проблем. Тоа треба да се направи уште денес.

Второто големо жариште кое се отвора е Прилеп. И оваа прес конференција помеѓу другото, сакам са споделам и одредени информации кои што се поврзани со Прилеп затоа што веќе се доцни со реакцијата, но барам барем целосно да не се промаши ситуацијата затоа што ако денес не се дејствува ми е страв дека ќе предоцна.

Оставете ја на страна политиката, подзапрете малку и со поткупот со брашно, шеќер и останати производи кои се делат по куќи, запрете ги и вашите внатрешни меѓупартиски препукувња, и посветете се кон народот. А таму ќе видите сериозно незадоволство, задоцнети мерки и огромен потенцијал за ширење на вирусот.

Во Прилеп имаме огромна прогресија на вирусот. Владата и Венко Филипче не тестираат доволно. Тоа е сериозен проблем кој не може да го реши ниту полицискиот час. Денес залудно е тестирање во Прилеп на дваесетина сомнителни случаи, кога други 40 чекаат на ред да бидат тестирани. Секој ден поминат без детектирање на заболените, значи ново заболени кои министерството не ги бележи, а за жал бројката постојано се зголемува.

Нашите информации се дека за жал во Прилеп бројката на заболени е далеку поголема од онаа која што е евидентирана. На тие луѓе им треба

соодветен третман, на тие луѓе им треба помош  и им треба лекување. На тие луѓе треба да им се помогне за да се спасат човечки животи. Тоа не се прави затоа што не се тестира доволно.

И знам дека од министерството ќе излезат со некакви бројки статистики со кои ќе не убедуваат дека се тестира доволно. Вие седете со вашите бројки, а јас ќе го слушам народот, а народот кажува дека не се тестира доволно. А во бројките државава исто како и во економските мерки покажуваат дека сериозно паѓаме надолу во сите листи во споредба со сите останати земји не од Европа, туку од регионот, а за Европа не сакам ни да зборувам.

Во однос на Прилеп потешките случаи се префрлаат во Скопје каде што за жал исто така има лимитирани капацитети, но тоа пренесување на тешко болните кажува дека Прилеп се бори со недостиг на капацитети за справување со корона вирусот.

Апелирам веднаш Прилепската болница да добие респиратори, апелирам веднаш да се направи тестирање на целокупниот медицински персонал, апелирам веднаш да добијат соодветна опрема. Здравствените работници се нашите херои. Тие мора да се заштитени за да можат да помагаат и да се изборат со вирусот. Мора да добијат соодветна заштитна опрема како и услови за работа, за да можат да помогнат на оние на коишто во моментов се најпотребни.

Загрижувачки е и фактот што Битолската клиничка болница е во опасност, откако се потврди дека еден пациент заболен од коронавирусот лежи во Битолската болница. За резултат се чекало дури пет дена. Што само ги потврдува нашите предупредувања  дека за резултати од тестовите се чека помеѓу 5 и 7 дена што е недозволиво долго време. Тоа чекање доведува во опасност многу човечки животи, тоа чекање може да исфрли цели здравствени системи надвор од фукнција и дополнително да загрози човечки животи.

За ова чекање и доцнење на резултати од тестовите, како и недоволно тестирање, одговорност мора да има сега и веднаш. Не смее да се повтори случај како Битолската клиничка болница, не смеат да се повторуваат случаи како во Прилеп и во Куманово.

Предлагаме Владата веднаш да прогласи кризна состојба и во Прилеп, за да се стави под контрола ширењето на вирусот. Така ќе се зголеми контролата и директно ќе се влијае на намалување на ширењето на вирусот и ќе се спасат човечки животи.

Веднаш денес прогласување на кризна состојба во Куманово, и веднаш денес прогласување на кризна состојба во Прилеп.

Ова можеби на некои од власта ќе им звучи панично, на некои може ќе им звучи забавно, но реалноста е дека се губи контрола во овие два македонски градови. Затоа е потребно идно дејствување.

Не е време за политика и политиканство, време е за дејствување и време е за спасување на човечки животи. Тоа е она што е најважно во овој момент и затоа апелираме сериозно да се посвети внимание на овие два македонски градови како два најголеми жаришта во моментов во Македонија.

Новинарско прашање: СДСМ дели пакети по домови. Тие велат дека е хуманитарна помош, вие велите дека е корупција. Ваш коментар по однос на истово?

Одговор: За жал наместо да се посветат на спасување на човечки животи, посветени се и исклучиво размислуваат за следните парламентарни  избори коишто што и да прават ќе ги загубат. И гледаме се обидуваат да ја злоупотребат маката на луѓето, на оние коишто немаат и на оние коишто се во лоша состојба. Гледаме дека и за тоа се рекламираат па логично се поставуваат неколку прашања. Прво очекувам СДСМ да одговори: Колку вкупно таканаречена помош е поделена, во која количина и каде? Второ: Од каде истата е купена? Трето: На кој начин се обезбедени средствата со кои овие материја се купени? Четврто: да покажат во јавноста фактури дека навистина тоа што го купиле е платено. Петто: Да кажат на кој начин ги селектираат оние треба да добиваат помош. А по мене е најбитно да одговорат, зошто не ги следат препораките коишто нивната влада ги носи, а тоа е дека постои еден центар каде што сите коишто сакаат да помогнат и да донираат, треба да ги уплатат сопствените средства. Она коешто ние го имаме како сознание е дека се работи за директен потпуп на гласачи, дека е ова акција којашто била планирана за во тек на изборите, затоа што изборите требаше да се одржат на 12-ти април, но сега заради коронавирусот им се пореметиле плановите. И дека се обидуваат да прават директен поткуп на гласачи што е тешко казниво дело. Од ова место ги повикувам Антикорупциската комисија и Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, да поведат постапка, против политичката партија СДСМ и да проверат на кој начин овие таканаречени донации се обезбедени и на кој начин се делат. Сметам дека има многу коруптивност и  основ за покренување на кривична одговорност за врвните раководни лица во СДСМ заради овој поткуп којшто го вршат.

Александар Николовски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ

__________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Што може да донесе утрешниот Конгрес на СДСМ?

Во Битола санирани проблемите од вчерашното невреме

На „Блаце“ и „Табановце“ се чека од 30 минути до 60 минути