Попладнево во рамките на теренските активности „Најдоброто за нашата општина“, генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски, учествуваше на маалска средба со граѓаните од општина Аеродорм, заедно со градоначалникот на општина Аеродром, Златко Марин и претседателката на ОО СДСМ Аеродром, Љубица Јанчева.
Пред присутните граѓани Николовски се осврна на политиките на СДСМ коишто, како што рече, придонеле кон подобрување на животниот стандард кај луѓето, покачување на просечната и минималната плата, инвестициите и бројните проекти во инфраструктурата.
„На овие избори СДСМ ќе ја понуди најдобрата програмска и кадрова политика поради тоа што ја креира заедно со граѓаните. СДСМ е фаворит на предстојните локални избори, тоа го потврдуваат сите релевантни анкети. Ние за разлика од ВМРО-ДПМНЕ нудиме концепт, идеја и најдобра понуда, а тие нудат стари политики добро познати кај граѓаните – деструкција, лажни вести и криминал. Залудни им се сите пребојувања и украдени пароли“, посочи генералниот секретар на владејачката партија.
Од СДСМ посочуваат дека и во наредниот период ќе продолжат да остваруваат интензивни маалски и урбани средби со граѓаните.