Утрински Весник
Магазин

Ники Мињаж го очекува своето прво дете

Ники Мињаж го очекува своето прво дете
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Раперката Ники Мињаж сподели убава вест во понеделникот, откривајќи им на своите фанови и следачи на Инстаграм дека очекува дете. Таа објави и фотографија со труднички стомак.

Минаж (37) ги изненади фановите кога во октомври откри дека се омажила за нејзиниот пријател од детството Кенет Пети и дека ќе се повлече за да формира семејство.

Сепак, таа оттогаш објави неколку синглови и рече дека работи на нов албум.

Пејачката на „Старшипс“ на музичката сцена се појави пред 10 години со својот прв албум „Пинк фрајдеј“ и е позната по нејзините отворени коментари, разидувања со други пејачи, шарени перики и многу алтер егоа на ликот.

 

Извор: Makfax

Можете да прочитате

OpenAI воведе годишен преглед на активностите за корисниците на ChatGPT

Крај на една ера: На последниот ден од 2025 година, се гаси MTV

Почина Брижит Бардо – 24info.mk