Утрински Весник
Магазин

Ники Минаж го обвини Пирс Морган дека лаже за неа на Твитер

Ники Минаж го обвини Пирс Морган дека лаже за неа на Твитер

Раперката Ники Минаж влезе во војна со зборови со ТВ-водителот Пирс Морган откако тој ја обвини за ширење дезинформации за вакцината против Ковид-19 и за сукоб со професорката Крис Вити, главен медицински советник на британската влада.

Пирс твитна : „Професорката Вити како се расправа со грозната Ники Минаж (една од најбезбразните мали госпоѓи што сум ги сретнал) не е ударната вест што ја очекував денес – ама е добродојдена. Таа тргува со лаги што ќе чинат животи.”

Како одговор на ова, 38-годишната раперка напиша: “Господине, никогаш не сум ве сретнала. Знам дека сите ние изгледаме слично.’Најбезобразна мала госпоѓа ‘ – ми се допаѓа. Има посебен шмек. Фала Пирс. Го сакам акцентот. Би сакала сакам да разговарам со вас. Кловновски нос и големи црвени чевли за вас.“

56 -годишниот Пирс тогаш инсистираше дека веќе ја запознал Ники на America’s Got Talent. Тој дури и објасни што се случило на шоуто за таленти.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста