Утрински Весник
Свет

Никарагва: Владата одобри распоредување на руски војници, авиони и бродови

Dik 300x250 mk

Владата на претседателот на Никарагва, Даниел Ортега го одобри распоредувањето на руски војници, авиони и бродови во Никарагва, јавуваат агенциите.

Во декретот издаден оваа недела, кој Русија го потврдила во четвртокот, Ортега им дозволил на руските војници да вршат должности за спроведување на законот, „хуманитарна помош, спасувачки мисии и пребарување во итни случаи или природни катастрофи“, пишуваат медиумите.

Според нив, Владата на Никарагва го одобрила и присуството на мали контингенти руски војници за размена на искуства и обука.

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захаров, за руски „Спутник“ изјавила дека одлуката на Никарагва е рутинска бидејќи законот исто така овластува војници од САД, Мексико и други земји од Централна Америка за истите потреби.

Захарова изјавила дека смислата на политиката на Никарагва за привремен прием на странски воен персонал е развој на соработка во различни области, вклучително и хуманитарен и итен одговор, борбата против организираниот криминал и трговијата со дрога.

Медиумите анализираат дека Владата на Ортега забрани десетици невладини групи обвинувајќи ги дека работат во странски интерес за да ја дестабилизираат Никарагва а десетици илјади жители на Никарагва се прогонети.

Можете да прочитате

ВОЗНЕМИРУВАЧКА СНИМКА од бруталното претепување до смрт во Ново Место – Словенија на нозе, паднаа оставки, се бараат радикални мерки

Кукла на Нетанјаху обесена на кран во Трабзон

Европратеници бараат смена на Вархеји