Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Низ Скопје се слави историскиот пасман на Европското првенство

Низ Скопје се слави историскиот пасман на Европското првенство
300x250 opst2

Со развиени знамиња и свирежи од автомобилите, во Скопје се слави пласманот на македонската фудбалската репрезентација на Европско првенство. Центарот на Скопје е блокиран од колоните возила кои пристигнуваат кон плоштадот. Дел од граѓаните кои ја слават победата на Македонија, тоа го прават со факели и песна низ улиците.

Повици за прослава на плоштад има и на социјалните мрежи каде што граѓаните од Владата бараат да им прости доколку има непочитување на мерките, бидејќи фудбалот бил посилен од коронавирусот.

Министерот за здравство, Венко Филипче, ги повика граѓаните овој историски успех на Македонија да го прослават согласно протоколите за заштита од коронавирусот и да носат маски.

„Браво момци Македонци! Секоја чест, испишувате историја! Голем ден за заслужено славје, сепак ве замолувам тоа да биде со почитување на мерките за заштита. Возбудата е огромна, но верувам дека ова е само почеток на прославите на успесите на македонската репрезентација“, напиша Филипче.

Македонските фудбалски репрезентативци со солзи радосници го прославуваат пласманот на Европското првенство. Големиот успех кој нашата држава го чека од осамостојувањето фудбалерите голавеа на теренот на „Динамо Арена“. Капитенот Горан Пандев кој 20 години го носи националниот дрес ја одведе оваа генерација го историскиот пласман во солжи падна на теренот откако го оствари најголемиот сон.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Вечерва филмска бркотница низ Скопје заврши кај Идризово, се слушале и пукотници

Филипче: Државата пола ни се исели а тие за загари, орли и врапчиња зборуваат

(ФОТО) Богојески повторно со навредлив коментар, овој пат кон новинарка и инфлуенсерка