Во низа експлозии предизвикани од пожар во воена база на југот на Казахстан загинаа петмина војници, а ранети се 90 цивили, соопштија властите.
Засега не се познати причините за пожарот во базата во покраината Замбил во кој е складиран инженерски експлозив, изјави казахстанскиот министер за одбрана Нурлан Ермекбаев на прес-конференција.
Војниците загинале при обид да го изгаснат пожарот кој предизвикал низа од десет експлозии, додаде минисерот.