Утрински Весник
Македонија

Ние ја внесовме земјата во НАТО, тврди Заев, Мицкоски со став дека иницирал предвремена ратификација на Протоколот

Амбасадорското место во НАТО приоритет, Заев деновиве ќе побара од Димитров забрзување на процедурите

Скопје, 28 февруари 2020 (МИА) – Од самостојноста сме определени за ЕУ и НАТО, но оваа Влада на СДСМ имаше храброст, мудрост да се изнајдат решенија да ја доведат земјата да ја исполни својата страртешка цел, истакна вечерва лидерот на СДСМ, Зоран Заев во вечерашниот дуел со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на емисијата „Само вистина“ на Канал 5 тепевизија.

Имам разбирање, посочи, за голото политиканство и дека целите на Мицкоски не се интерес на државата и на сите граѓани и затоа цело време блокираат, бојкотираат, за на крајот да гласаат за ратификација за проктолокот на НАТО.

– Но, можам да замерам дека кога цела Северна Македонија апладауираше, целиот народ го поздрави членството во НАТО, аплаудираше, Мицкоски не можеше да смогме сили и да ракоплекса за тој свечен историски чин за исполнување на нашата стратешка цел, по ратификацијата на протоколот за членство во НАТО, му порача Заев на Мицкоски, додавајќи дека граѓаните ја препознаваат неговата циничност и таков ќе биде резултат на изборите.

Не беше далечна 2001 година, потенцира, кога мајки губеа свои деца, а сега членот 5 од договорот на НАТО ја гарантира безбедноста, стабилнсота, трајниот мир.

– НАТО тоа значи прогрес, повисок стандард, повеќе инвестиции, владеење на правото, додаде Заев.

Мицкоски со став дека токму тој иницирал предвремена ратификација на НАТО протоколот во Собранието.

– На партиска говорница на прес-конференција, кажав ајде да смогнеме сили еве да не биде изговор на Заев, бидејќи во тоа време се уште постоеше како дилема практично влезот на нашата држава, на Македонија во рамките на НАТО Алијансата и рековме ајде дајте да го изгласаме предвреме да не биде тоа причина за распуштање на Собранието и тоа се случи, како што и вие бевте сведоци, како што Заев беше сведок дента кога практично неколку дена пред распуштањето на Парламентот, рече Мицкоски.

Според него, поради капитулантскиот однос на Заев, таа е реалноста во која мораме да живееме.

– Повторно ќе кажам тој капитулантски однос не затоа што верува господинот Заев во НАТО вредностите и во ЕУ, доста беше, затоа што знаеше дека треба да одговара за случај да оди во затвор како прво и второ за да го промени Законот за јавни набавки за да врват тендерите во четири очи, а тоа ќе го зборуваме претпоставувам во делот на економијата, додаде Мицкоски. рп/ац/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Д-р Јовановски на подкаст ЗРАК: Има различни методи на реконструкција по мастектомија

Кузмановска: Хема – Онко нуди поддршка за лицата заболени од канцер

(Видео) Започнува нова епизода на подкастот Зрак со д-р Марина