Скопје, 2 февруари 2020 (МИА) – Сите реки кај кои денеска се извшрени хидролошки мерења, покажуваат вредности далеку под месечниот просек.
Според УХМР, водостојот на Сатеска кај Ботун е пет пати понизок во однос на просечниот за март, додека Треска кај Македонски Брод, Црн Дрим кај Ложани, Струмица кај Ново Село и Црна кај Новаци се три пати намалени.
Двојни снижувања на нивоата се забележани на Вардар кај Јегуновце и Велес, на Лепенец кај Скопје и Крива Река кај Крива Паланка.
Снижени вредности на нивоата се регистрирани и кај езерата, Охридското, Преспанското и Дојранското. мч/са/