Утрински Весник
Магазин

„Не e време за умирање“ стана филм со најголема заработка во ерата на пандемијата

„Не e време за умирање“ стана филм со најголема заработка во ерата на пандемијата

Најновиот филм за Џејмс Бонд го надмина „Ф9“ („Брзи и брсни 9“) на светските киноблагајни.

Откако се отворија киносалите по долга пауза наметната од пандемијата, благајните бележат постепен раст на бројот на кино-посетители.

Еден од филмовите што навидум не сака да умре, иако е во кината повеќе од еден месец на повеќето пазари, е 25. авантура на Џејмс Бонд „Не е време за умирање“.

Минатиот викенд филмот постигна два големи подвизи. Најпрво – филмот во режија на Кери Џоџи Фукунага и со Даниел Крег во главната улога – ги надмина 558-те милиони долари на „Ф9“ во светски рамки, и стана холивудскиот филм со најголема заработка на меѓународниот боксофис во ерата на пандемијата.

филмот исто така успеа да надмине 700 милиони долари на светските киноблагајни.

Можете да прочитате

Дневен хороскоп за 19 март 2026

Одењето може да ги открие емоциите на луѓето

Вресокот како терапија за ослободување од стрес