Утрински Весник
Спорт

„Не успеав да го донесам Роналдо, а Реал два пати ги одбив“

Венгер не сака во Барса, ама сака да ги води „лалињата“
Dik 300x250 mk

Поранешниот тренер на Арсенал Арсен Венгер во интервју за Би-би-си открил што се случувало во клубот додека тој бил таму. Венгер 22 години го предводел Арсенал, реко, дека имало златни и тажни денови и дека поради „топџиите“ одбил неколку добр понуди.

„Не знаете многу луѓе кои два пати ја одбиле понудата на реал Мадрид“, рекол Венгер и дополнил.

„Решив да останам со тим кој немаше ресурси за да го освои првенството. Но си ветив дека доколку некогаш добијам шанса да го водам Арсенал, ќе одам до крај“.

Открил дека му е жал што не успеал да го донесе Кристијано Роналдо.

„Не жалам што го одбив Реал Мадрид, за разлика од тоа жал ми е што не успеав да го потпишам Кристијано Роналдо. Секако дека размислувам како ќе изгледаше тоа, Роналдо да играше со Анри, Беркамп, Пирес, Вилторд. Можеби ќе постигнеа 200 гола во една сезона“.

За разлика од Роналдо поинаку размислува за Ибрахимоиќ.

„Златан беше 17 годишник кој играше во Малме, во втората лига во Шведска. Него никој не го познаваше“, заклучил Венгер.

> „Не успеав да го донесам Роналдо, а Реал два пати ги одбив“ <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Јамал, Дембеле и Салах номинирани за наградата „Најдобар“ на ФИФА

Ѓоковиќ го победи Борхес и се пласираше во полуфиналето на турнирот во Атина

Милевски повика 28 фудбалери за средбите со Летонија и со Велс