Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Не третираат како животни, бурката не е најголемиот проблем, во плач раскажува исплашена Авганистанка

Не третираат како животни, бурката не е најголемиот проблем, во плач раскажува исплашена Авганистанка
Img 7972

Сеќавајќи се на спомените од детството, Марина Хајдари се навраќа назад во 1997 година, кога Талибанците првпат владееја со Авганистан.

Во тоа време, од сите страни имаше застрашувачки песни од звучници поставени на камиони на талибанците што кружеа по улиците. Штом ќе ги слушнеа, луѓето се повлекуваа во своите домови, вели таа.

Марина раскажува како тогаш кога била далеку од дома, од никаде се појавил талибански борец и ја удрил со камшик во лицето бидејќи не носела бурка.

Имав 12 години, раскажува таа.

Денес, Хајдари има 37 години и гледа како нејзините помлади роднини се обидуваат да ја стават бурката за прв пат во животот.

Талибанците се вратија пред помалку од една недела, а девојките веќе се борат со тие прекривки на телото, изработени од материјал сличен на пластика, пренесуваат светските медиуми.

Во изјава за еден од нив Хајдари кажува дека нејзиниот братучед пред три недели купил бурки под претпоставка дека милитантите би можеле да пристигнат во градот наскоро.

„Во реалноста, бурката е најмалиот од нашите проблеми“ додава оваа млада Авганистанка.

Таа како што пренесуваат медиумите во светот е сигурна дека Авганистанките наскоро ќе мора да се справат со многу полоши работи.

По американската инвазија на Авганистан, Западот се обиде да ги зајакне правата на жените во земјата, воспоставувајќи бројни програми во градовите и во селата.

„Првпат сфатив дека цел живот ме третираа како животно“, вели во изјава за агенциите жена од провинцијата Бадахстан.

Жените кои пријавиле во полиција само се нашле соочени со повеќе мажи со ист став и ново насилство.

„Ние жените загубивме се“, вели активистката Рајахана Асад и додава „Се соочуваме со ситуација која изгледа само малку помалку страшна од денот на судот“.

Таа не верува во ветувањата на Талибанците за почитување на правата на жените „во рамките на исламскиот закон“.

Можете да прочитате

Откриена е заборавената насловна страница на „Плејбој“ од 1990 година со Доналд Трамп

Нобеловата награда за хемија ја добија Китагава, Робсон и Омар М. Јаги

Грета Тунберг: Израелците ставија 60 луѓе во кафези и рекоа дека ќе нè убијат со гас