Утрински Весник
Македонија

Не стивнуваат препукувањата околу лидерската позиција во Синдикатот за сообраќај и врски

Не стивнуваат препукувањата околу лидерската позиција во Синдикатот за сообраќај и врски

Скопје, 16 март 2020 (МИА) – Во Синдикатот на работниците во сообраќај и врски (СРСВМ) не стивнуваат препукувањата околу лидерската позиција. Во реакција до јавноста, Методија Димески ги демантира тврдењата на Миќо Стојановски дека е претседател на синдикатот.

– Целосно демантирам дека лицето Миќо Стојановски, не само што не е претседател на СРСВМ, туку не е ни член на истиот од 2014 година до денес. Истиот е исклучен од СРСВМ со Одлука бр. 0202-6/1 од 08.02.2014 година. Во меѓувреме има формирано друга Синдикална подружница која се зачленува во КСС каде што е ргистриран и му е издадено Решение од 26.05.2015 година со број 30120150019014, а потоа има извадено печати на новата Синдикална подружница кои и понатаму ги користи, вели Димески во реакцијата.

Димески посочува дека е тој е легитимен претседател и оти е избран на четири последователни изборни собранија со едногласна одлука од синдикалните подружници кои бројат над 3.000 члена.

– Легитимитетот исклучиво се добива од МТСП кој е главен Регистар на синдикати на повисоко ниво каде што јас сум упишан уште во 2014 година и до денес како легитимен Претседател на СРСВМ. Како доказ е Известувањето на МТСП 08-1624/2 ОД 21.02.2020година. Со ова се демантира изјавата на лицето Миќо Стојановски дека е впишан во МТСП. На ден 28.01.2020 година, СРСВМ одржа свое Собрание каде што земаа учество сите синдикални подружници на СРСВМ и повторно со едногласна одлука за претседател е избран Методија Димески. Зачудува неговото кажување дека имало таканаречено собрание на 03.02.2020 година и се прашуваме со кого го одржал ова фантомско собрание бидејќи ниедна синдикална подружница не е известена за истото, наведува Димески. бак/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Нормализиран сообраќајот за камиони кон „Блаце”, на „Табановце“ се чека околу 30 минути

Повторно одложено судското рочиште за случајот Веапоска на кое требаше да биде презентиран извештајот од супервештачењето

СДСМ: Владата ќе потроши 1,8 милиони евра на кампања за ЕКСПО во Белград, но нема пари за Кочани и за пожарникарите