Утрински Весник
Македонија

„Не смееме да се откажеме од потрагата додека не се пронајде Мартин“, вели братот на исчезнатото момче

Потрагата по Мартин Јовановски, третиот Македонец по кој се трага на Халкидики, ќе треба да запре денеска.

dobivaj vesti na viber

Горан, брат на Мартин, бара помош од македонските власти. Тој ја повика Владата и МНР да се изнајде начин за да продолжи со пребарувањето, бидејќи заедно со семејството, веруваат дека Мартин е жив и чека помош.

„Јас сум братот на Мартин и упатувам голема благодарност до ОФКАТ екипата спасувачи од Грција и до Генералниот конзулат во Солун кои изминативе три дена се заедно со нашето семејство во потрага на нашиот Мартин. Мојата мајка и нашето семејство и пријатели се уште веруваме и се надеваме дека Мартин е жив и ја чека нашата помош“, посочи Горан Јовановски, брат на Мартин.

Тој вели дека овие моменти се исклучително тешки за неговото семејство и додава: „Не смееме да дозволиме да се откажеме се додека не се пронајде Мартин“.

Затоа апелираме од македонската Влада и нашето МНР да помогнат да се најде начин да продолжи со потрагата по Мартин бидејки според грчките закони потрагата од нивна страна ќе заврши денеска, на четвртиот ден. Затоа апелираме Владата да помогне и воедно молиме македонските грагани да помогнат доколку се во можност а за чија помош би можела Владата да организира со некаква акција.

Можете да прочитате

Делегација на СДСМ предводена од потпретседателката Каја Шукова оддаде почит во Скопје, по повод Денот на Републиката

Бленди Ходаи: За Кочани ќе нема правда зашто институциите се фокусираа на контаминација на гневот и револтот на граѓаните

Шукова со честитка за Илинден: Заедно да градиме нова иднина, да ги движиме и Скопје и Македонија напред!