Утрински Весник
Македонија

Не се пет, полицијата денеска привела десет учесници во протестот пред Собранието

Dik 300x250 mk

Покрај петте лица што денеска беа приведени поради фрлање тврди предмети кон полицискиот кордон пред Собранието, а за кои МВР веќе информираше претходно, приведени се уште пет лица, односно вкупно 10 во текот на денешниот ден.

Од полицијата информираат дека покрај веќе објавените, за фрлање на тврди предмети кон објектот на Собранието, приведени се и М.М. (34) од с. Глуво, Д.П. (45) од Скопје, Н.А. (63) и С.М. (65), а О.Ч. (38) од Ресен поради обид за кражба со цел демонтирање на заштитната ограда пред зградата на Собранието, по член 236 од Кривичниот законик.

По документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Можете да прочитате

Висок број неважечки ливчиња во вториот круг: Во Скопје секое 16-то ливче било неважечко

Пијан крушевчанец со возилото удрил во паркиран автомобил и избегал, полицијата го приведе

ВЛЕН: Со еден глас, Албанците го запечатија крајот на ерата на Ахмети!