Утрински Весник
Македонија

Не работат библиотеката и ученичкиот дом во Куманово согласно препораките на Владата

Не работат библиотеката и ученичкиот дом во Куманово согласно препораките на Владата

Куманово, 12 март 2020 (МИА) – Од денеска не работи кумановската библиотека „Тане Георгиевски“ и ученичкиот дом „Професор Мијалковиќ“, согласно  дополнителните заклучоци, мерки и препораки од 16-тата седница на Владата на Република Северна Македонија за преземање дополнителни мерки и активности за превенција од ширење на болеста COVID-19 (корона вирус).
Меѓу препораките е да се прекине со работата на библиотеките, студентските и ученичките домови на територијата на Република Северна Македонија, во наредните 14 дена, а вработените лица во овие институции да бидат ослободени од работа во овој период.
-Ја почитуваме одлуката на надлежните и од денеска не работиме, изјави директороката Христина Алексовска.
И директорката на кумановскиот интернат Љубица Павлоски, изјави дека не работат, учениците се испратени дома согласно препораките на Владата. ам/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Битолчанец вработен во училиште во притвор по меѓународна акција за детска порнографија

Граѓаните од ранливите категории ќе можат полесно да аплицираат за инвертер клима уреди

Нов удар по џебот: Основните намирници повторно поскапуваат