Утрински Весник
Македонија

Не може да се предвиди ситуацијата, важно е почитувањето на мерките за заштита

Почнува масовниот скрининг за Ковид-19

Скопје, 26 мај 2020 (МИА) – Никој не може да  предвиди како ќе ни се одвива ситуацијата и по отворање на границите и дали ќе остане вака или повторно ќе бидеме приморани да воведуваме некакви рестриктивни мерки. Сето тоа се прашања кои зависат исклучиво од нашето однесување. Клучна улога е почитување на мерките и колку сите ќе придонесеме да не се зголемува бројот на заразени, рече премиерот Оливер Спасовски, прашан дали може олабавувањето на мерките да го зголеми збројот на заразени.

Претседателот на Комисијата за заразени болести д-р Жарко Краџовски не очекува зголемување на бројот на заразени, иако, рече, може да има инцидентни случаи, како што беа во изминатите денови од разни свечености на кои не се почитуваа забраните за собирања, движење и за близок респираторен контакт.

-Лично не очекувам зголемен број дотаму да ние да не можеме да го држиме под контрола, рече Караџовски додавајќи дека и кога имаше сто случаи дневно ја држеле состојбата под контрола зашто во резерва биле спремни илјада кревети и монтажна болница.

Во моментов има, рече тој, само 59 хоспитализирани на Инфективна клиника, 22 во ГОБ „8 Септември“ и 20-ина пациенти во инфективните одделенија во болниците низ државата.

Соопшти дека пет градови во кои има познати кластери на вирусот се држат под контрола и оти се познати лицата кои се во изолација и се знаат нивните непосредни контакти во изминати 15-ина дена.

-Никаде во светот не може денес да ви рече некој што ќе се случува за месец, два, три. Меѓутоа, цел свет кажува дека силината или вируленцијата на вирусот КОВИД-19 слабее. Според податоците од земјите на ЕУ, каде се намалува бројот на заболени, за неколку стотини  проценти е намалена можноста за инфекција, додаде д-р Караџовски. хс/лв/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Филипче: Заев и Ковачевски ја жртвуваа политичката кариера за денес да бидеме членка на НАТО и да почнеме преговори со ЕУ

1,95% ќе биде каматата за стопанството со 3 години грејс период и 15 години рок на отплата, рече Мицкоски

(Фото) Целиот состав на новиот Централен одбор на СДСМ