На тенискиот терен емоциите честопати тешко се контролираат и во тие моменти реакцијата на дел од спортистите носи до најтешката последица – исфрлање од меч.
Во неделата тоа му се случи на Новак Ѓоковиќ, кој беше во центарот на контроверзите откако неговото топче заврши во линиската судијка во мечот од четвртото коло против Пабло Карењо Буста и заврши со негова дисквалификација. Но има и други примери.
2017 ДЕЈВИС КУП, ДЕНИС ШАПОВАЛОВ (КАН)
Подраматично не можеше да биде. Велика Британија и Канада го играа одлучувачкиот меч во првото коло од Светската група во Дејвис купот. Млаиот Денис Шаповалов против Британецот Кајл Едмунд.
Откако губеше со два сета и во третиот, тогаш 17-годишниот Шаповалов во очај го удри топчето во височина, но тоа заврши во судијата на столче Арну Габас. Поточно во неговото лево око. Мечот беше прекинат, Британија стигна до победата, а Шаповалов дови 7.000 долар казна. Добрата работа – Шаповалов подоцна призна дека станал пријател со Габас.
2012 КВИНС КЛАБ, ДАВИД НАЛБАНДИЈАН (АРГ)
Давид Налбандијан го играше своето прво финале на тревната подлога од Вимблдон во 2002 против Марин Чилиќ. Работите одеа добро и тој го зеде првиот сет со 7:6(3), а и во вториот сет беше израмнето до тој седми гем (3:4).
Со две брејк топки, Чилиќ врати форхенд и направи брејк. Налбандијан бесот го искали на рекламата на „Најк“ покрај теренот. Но неговиот шут беше пресилен, и судијата покрај теренот доби исеченица на левата нога.
„Знаев дека направив грешка и дека ќе платам за тоа. Но, некогаш АТП прави грешки и те тера да играш на опасни подлоги без да плати за тоа“, изјави тогаш Налбандијан.
1995 ВИМБЛДОН, ТИМ ХЕНМАН (БРИ)
Пред да стане миленик на домашната публика, Тим Хенман во 1995 година како 20-годишник влезе во историјата на Вимблдон во мечот со двојки со неговиот партнер Џереми Бејтс. Против Џеф Таранго и Хенрик Холм при 1:1 во тај-брејкот во четвртиот сет, Хенман сервираше, а ретурнот на Таранго ја закачи мрежата. Хенман, немоќен, го удри топчето кое му беше во раката и топчето го закачи увото на девојчето кое собира топчиња, Керолин Хол.
Хенман и Бејтс станаа првите тенисери кои беа исфрлени од турнир во опен ерата.
„Се работеше за чист инцидент, но јас сум одговорен за моите постапки“, изјави потоа Хенман.
Следниот ден, Хенман дојде со букет за Хол и бакнеж. Хенман по инцидентот на Ѓоковиќ се потсети на случката.
„Нема сомнеж дека се работи за вистинска одлука и неверојатно е што и мене ми се случи нешто слично. Новак го удри топчето во знак на фрустрација, но мораш да бидеш одговорен за тоа. Нема алтернатива“, вели Хенман.
> Не е само Новак! Тројца тенисери кои беа исфрлени за слични „прекршоци“ <