Утрински Весник
Магазин
300x250 opst2

Не го повлеков чкрапалото: Алек Болдвин низ солзи проговори за фаталниот инцидент

Не го повлеков чкрапалото: Алек Болдвин низ солзи проговори за фаталниот инцидент
300x250 opst2

Алек Болдвив со многу емоции и солзи првпат проговори за трагедијата што се случи на снимање на вестернот Rust во Ново Мексико.

Во најавата за телевизиско интервју за „Еј-би-си њуз“, објавена во средата, 63-годишниот актер категорично тврди дека не го повлекол чкрапалото од оружјето што го држел и дека воопшто не знае како е можно вистински куршум да биде присутен на сет.

Болдвин, кој во раката држел пиштол за кој му било кажано дека е безбеден кога пукна и ја уби снимателката, зборуваше во своето прво интервју за фаталниот инцидент на 21 октомври во Ново Мексико.

„Чкрапалото не беше повлечено. Не го повлеков чкрапалото“, му вели актерот на новинарот на телевизијата Еј-би-си, Џорџ Стефанопулос, според извадокот од интервјуто, кое треба да се емитува во четврток.

Значи, никогаш не сте го повлекле чкрапалото?“, праша Стефанопулос.

„Не, не, не. Никогаш не би вперил пиштол кон никого и не би го повлекол чкрапалото. Никогаш,“одговора Болдвин.

Снимателката Халина Хачинс беше убиена, а режисерот Џоел Соуза ранет во она што Болдвин претходно го нарече трагична несреќа на сетот на вестернот што се снимаше во близина на Санта Фе.

Досега не е поднесена кривична пријава. Истражителите кои работат на случајот ги фокусираа своите напори на тоа како боева муниција се најде на сетот.

Можете да прочитате

ПВЦ прозорите имаат зимски и летен режим, еве како да го подесите

ЉУБОВЕН ХОРОСКОП ЗА ОКТОМВРИ 2025 ГОДИНА: Кој донесува важни одлуки, а кого го чека љубов како од бајка?

Рецептот за лажниот ајвар кој го освои интернетот – Потребно е само половина час за да се направи