Утрински Весник
Спорт

Нејмар негира дека го прекршил карантинот

??

Сао Паоло, 30 март 2020 (МИА) – Sвездата на Пари Сен Жермен, Нејмар негираше дека ги прекршил препораките за социјално дистанцирање за време на престојот во родниот Бразил.

Нејмар објави фотографии на Инстаграм на кои се сонча и игра одбојка на плажа со група пријатели за време на паузата заради пандемија на коронавирусот. 28-годишниот напаѓач се правда дека луѓето на фотографиите не се случајни, туку патувале со него од Париз со приватен авион и биле карантинирани со него.

– На фотографијата, Нејмар е со луѓе, кои беа во карантин со него. Овие луѓе патуваа со Нејмар од Париз за Бразил. Нејмар ги покани да поминат 14 дена со него пред да заминат кај нивните семејства, изјави портпаролот на фудбалерот за „Глобо Медија Груп“ во Бразил.

Во изјавата се вели дека единствениот надворешен посетител на групата е синот на Нејмар, Дави Лука, откако напаѓачот избегнува состаноци со другите роднини, вклучувајќи ги и мајка му, баба му и сестра му.

– Куќата каде играчот е во карантин е целосно изолирана и му дава самодоверба да продолжи со тренинзите. Тој со нетрпение го очекува крајот на овој тажен период за човештвото и враќање на нормални активности, додаде Нејмар.

View this post on Instagram

Cansados porém felizes ??até o davizinho treinou hoje ??? ? by: @gilcebola

A post shared by ene10ta Érre ?? ? neymarjr (@neymarjr) on Mar 26, 2020 at 1:11pm PDT



Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Рутинска победа на Реал кај Леганес

Дебакл на Хрватска во БиХ, Хрватите ќе останат без место на ЕП

Повредата на Димитријевиќ не е сериозна: Беше само силен грч , се ќе биде во ред набрзо