Утрински Весник
Спорт

Нејмар, Мбапе и другите sвезди на ПСЖ не сакаат да слушнат за намалување на платите

Реал го нуди Бејл и 90 милиони евра за Нејмар, тврдат во Каталонија

Париз, 28 април 2020 (МИА) – Ѕвездите на Пари Сен Жермен строго ја отфрлија понудата за намалување на нивните плати за одреден временски период. Ова го тврди престижното француско издание „Екип“. За клубот преговараат спортскиот директор на клубот од Париз, Леонардо, додека играчите ги претставуваат Тијаго Силва и Маркињос, кои се капитен на тимот и заменик-капитен.

Веќе минатата недела, претседателот на ПСЖ, Ал-Хелаифи, ги повика играчите да му помогнат на клубот да ги намали загубите во месеците кога не се играат натпревари.

Во Франција, премиерот на земјата, Едуард Филип, соопшти денеска дека спортските настани, дури и со затворени врати, нема да бидат можни до септември, што значи дека сезоната нема да започне одново.

ПСЖ процени дека клубот ќе изгуби околу 240 милиони евра, но тоа не ги допре ѕвездите на тимот во оваа фаза.

Нејмар и Килијан Мбапе се најплатени играчи на парижаните. Првиот добива околу 3 милиони евра месечно, додека Французинот собира скоро 1,9 милиони евра за истиот период.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Верстапен: Во Мекларен ќе станев шампион многу порано

Младост 96 есенски шампион во пингпонгарската Суперлига

Фудбалерите на Лестер лудо го прославиле отказот на тренерот