Утрински Весник
Спорт

Нејмар лут на судијата: Играв 5 минути, а ме спречивте да играм Куп финале

Нејмар лут на судијата: Играв 5 минути, а ме спречивте да играм Куп финале
Dik 300x250 mk

Скапо го плати француски ПСЖ пласманот во финалето на Купот. Во мечот за трофеј „Светците“ нема да може да сметаат на Бразилецот Нејмар.

Тој во полуфиналето против Монпелје во игра влезе во 86 минута, а во 90 минута доби жолт картон, па автоматски заработи суспензија за финалето.

Поради целата ситуација, Нејмар на Инстаграм упати иронична порака до судијата:

„Играв 5 минути, направив грешка и казнет сум без размислување. Благодарам ме извлековте од финалето“.

Инаку ПСЖ до финалето стигна по подоброто изведување пенали откако во регуларниот дел мечот заврши 2-2.

Во второто полуфинале четвртолигашот ГФА74 го дочекува тимот на Монако.

> Нејмар лут на судијата: Играв 5 минути, а ме спречивте да играм Куп финале <

Можете да прочитате

Ѓоковиќ ја освои 101та титула

Марко Трајановски ќе го брани Македонското знаме во Виена, Австрија

Легендарна скокалница од Светскиот куп заминува во историја