Утрински Весник
Спорт

Нејмар: Давам се од себе за да бидам во форма и да ја освојам ЛШ оваа година

ПСЖ: На Нејмар снимањето реклами му е поважно од рехабилитацијата
Dik 300x250 mk

Париз, 21 јуни 2020 (МИА) – Ѕвездата на Пари Сен Жермен, Нејмар откри дека за време на социјалната изолација тренирал поцврсто од вообичаеното, а исто така изрази оптимизам за иднината по пандемијата од коронавирус.

– Ја поминав изолацијата во Бразил и ја искористив можноста да тренирам како никогаш досега! Работев со мојот личен тренер Рикардо Роса. Можеби и повеќе од нормално, но за мене тоа беше начин да се надомести недостаток на натпревари. Да, јас сум многу позитивен. Оваа пандемија е многу тежок период, но јас сум убеден за иднината, како за човештвото, така и на личен план. Убеден сум дека сè ќе се врати во нормала во наредните недели и дека сето ова ќе биде само лошо сеќавање. Од своја страна, давам се од себе за да останам во форма и да ја освојам Лигата на шампионите оваа година, изјави Нејмар за „Гала“.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Одбојкарите на Струмица елиминирани во Лигата на шампиони

УЕФА парично ја казни Шкендија за транспаренти со неспортска содржина

НБА може да ја промени политиката за обложување по апсењата на Розиер и Билапс