Утрински Весник
Свет

Нехамер: Tерорист во Виена планирал напад и врз цркви

Нехамер: Tерорист во Виена планирал напад и врз цркви

Исламскиот терорист Кујтим Фејзулај, кој на 2 ноември изврши вооружен напад во Виена и уби четири и рани повеќе од 20 лица, исто така, планирал напад врз црква, беше објавено на прес-конференција.

Австрискиот министер за внатрешни работи Карл Нехамер изјави дека терористот имал намера да бара жртви и во црквите, пред полицијата да го убие.

Пример на терористот, Македонец со албанско потекло роден во Виена, му бил нападот врз црквата Нотр Дам во Ница на крајот на октомври, во кој била убиена една жена.

Нехамер објави дека сега, заради наодите од истрагата, се зајакнува надзорот над црквите и другите верски објекти.

Генералниот директор за јавна безбедност Франц Руг најави дека отсега верските објекти ќе се следат прикриено и јавно.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Над 2400 загинати во Иран, стигнаа нови закани од Трамп

Секој петти човек размислува да ја напушти Германија

Калас: Исходот од протестите во Иран е неизвесен