Утрински Весник
Свет

Нехамер: Руското ембарго за гас е невозможно, ЕУ ќе си наштети

Dik 300x250 mk

Состојбата во Украина покажува дека санкциите против Русија не функционираат толку брзо како што се надеваше Европската унија, потребно е време, изјави во четвртокот австрискиот канцелар Карл Нехамер и посочи дека Австрија отсекогаш се залагала дека економските ограничувања носат поголема штета на оние на кои им се наметнуваат, отколку на оние кои ги воведуваат.

dobivaj vesti na viber

– Затоа ставот на Австрија е дека ембаргото за гас е невозможно. Тоа не е само затоа што ние како Република Австрија сме зависни од рускиот гас, туку и германската индустрија зависи од него и, доколку ја загуби стабилноста, истото ќе се случи и со австриската индустрија – рече Нехамер на прес-конференција во Виена по разговорите со унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Нехамер смета дека „интелигентните“ санкции против Русија, кои вклучуваат мерки против нејзината економија, ќе функционираат, но дека за тоа ќе биде потребно време.

Унгарскиот премиер посочи дека Унгарија се уште се противи на ембаргото за увоз на гас од Русија во Европската унија и оти не е сама во тоа, пренесе Новости.рс.

Можете да прочитате

Трамп најави договор за намалување на цените на водечки лекови за дебелина

Германскиот челичен сектор во „егзистенцијална криза“, предупреди Мерц

Во Украина изречена прва доживотна казна за руски војник поради егзекуција на воен заробеник