Утрински Весник
Свет

Нехамер: Потребен е нов систем за азил во ЕУ

Австрискиот канцелар Карл Нехамер упати остра критика до ЕУ поради нефункционалниот европски систем за азил и истакна дека Австрија е соочена со растечки притисок на миграција.

dobivaj vesti na viber

До крајот на јуни поднесени се околу 31.000 барања за азил, што е пораст од 185 отсто во однос на минатата година.

Околу 80 отсто од барателите во Европа дојдени се со користење на услугите на криумчарење на луѓе, наведуваат австриските власти.

„Единственото решение може да се најде само на европско ниво. Потребен е нов систем на азил во цела Европа. Вака како што е до сега не може да се продолжи“ порача Нехамер.

Можете да прочитате

Русија ја нападна Украина со над 150 дронови

Русија употреби нов дрон Geran-5 во Украина

Над 500 убиени и над 10.000 уапсени во Иран, режимот организира контра-протести