Утрински Весник
Македонија

Нефи Усеини не е повеќе советник во Општина Охрид

Нефи Усеини и неговиот брат се во бегство, полицијата трага по нив за да ги спроведе во притвор

Дванаесет советници на Општина Охрид гласаа „за“ прифаќање на оставката поднесена од охридскиот светник Нефи Усеини. На наредната седница, Советот ќе гласа за верифицирање на мандатот на советник, кој доаѓа на испразнетото место.

Усеини беше советник од ДУИ, од 2017 година.

За неговата оставка, немаше расправа на денешната седница на Советот.

Усеини и е познат на јавноста по дивоизградената база на стариот пат Охрид-Струга и објектот на државно земјиште во стариот дел на градот, кај Чинарот. Тој во април минатата година со закани спречи инспектор да изврши увид на дивоизградената тераса кај Чинарот. Бетонската база е делумно отстранета, а камионите од фирмите на Усеини и натаму стојат паркирани таму. Усеини за време на неговиот мандат како советник предизвика и неколку физички инциденти, односно, натепа негов колега од Советот, негов сограѓанин за што се води и судска постапка, како и професор од Тетово поради пред престојувалиштето во Охрид.

За Усеини се водат предмети и во охридското Обвинителство, а обвинение нема и по скоро две години.

На Нефи Усеини и неговито брат Ибро им беа изречен и притвор во времетраење од 30 денови. Судот ги ослободи по 16 денови откако тие дадоа гаранција имот во вредност од 850 илјади евра. Двајцата беа приведени поради нападот на нивниот сограѓанин, Спиро Топалоски, кој откако беше започна постапка од Обвинителството, негираше дека бил нападнат. Сепак, охридската полиција констатирала дека имало употреба на пиштол во нападот од страна на обвинетите.

Усеини е сопственик и на дивоизградената тераса на државно земјиште кај Чинарот. Објектот беше изграден со механизација од фирмата „Нефи-ИК“ која е во негова сосптвеност, а по повеќе од година таа остана нечепната од институциите. Откако изградбата не ја спречи Општина Охрид, отстранување нема ниту од Државниот градежен инспекторат.

Во предизборието, со булдужери се уриваше бетонската база на Усеини која ја поставил без никакво одобрание од институциите на парцела во сопственот на ИВЗ, која се наоѓа на стариот пат Охрид-Струга. На парцелата и натаму се паркирани возила од фирмите на Усеини, но, производство на бетон не се прави.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Претпладне магливо по одделни котлини, попладне сончево со умерена локална облачност

Бишев: Јавниот долг до крајот на годината би изнесувал околу 68,5%

Нов земјотрес вечерва повторно ја стресе Македонија