Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Нефи Усеини и брат му пуштени на слобода со гаранција од 850 илјади евра

Нефи Усеини и неговиот брат се во бегство, полицијата трага по нив за да ги спроведе во притвор
Img 7972

Имотот вреден 850 илјади евра е доволен како гаранција дека браќата Нефи и Ибро Усеини нема да избегаат од земјава и да бидат недостапни за органите на прогонот, тврди претседателот на охридскиот суд, Васил Баткоски за „Макфакс“.

Секоја друга мерка, според него е безначајна, бидејќи хипотеката на имотот е доволна гаранција. Двајцата биле пуштени на слобода вчера околу пет часот попладне и сега ќе се бранат од слобода.

„Имавме понуда на гаранција во висина од 850 илјади евра, проценета од овластен проценител со хипотека. По редот на законот тоа предлогот се достави до Јавното обвинителство, тие дадоа позитивно мислење за прифаќање на гаранцијата. Кривичниот совет одржа седница, со оглед на постапката се води по предлог на Јавното обвинителство ние ја прифативме гаранцијата“, вели судијата Баткоски.

Браќата Усеини во притвор беа 16 денови, а судот не одобри нивно ослободување кога тие понудија 30 илјади евра како гаранција дека нема да избегаат, влијаат на сведоци, да избегаат или да го повторат делото. Судењето за нив е закажано за 22 септември во охридскиот суд.

Двајцата беа приведени поради нападот на нивниот сограѓанин, Спиро Топалоски.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Тасевски vs Ристески – нова криза во М-НАВ

Филипче од Охрид: Да кренеме глас и да се бориме против самоволието на ДПМНЕ

Тројцата обвинети за загадување од Вардариште признаа вина, им се заканува казна затвор од три месеци до три години