Утрински Весник
Магазин
300x250 opst2

„Нетфликс“ ѝ понудил милион долари за серијата, таа одбила

„Нетфликс“ ѝ понудил милион долари за серијата, таа одбила
300x250 opst2

Михаела Коел, сценаристката и ѕвездата на драмската серија I May Destroy You („Можам да те уништам“), најпрво го понудила својот проект на „Нетфликс“, кој ѝ понудил милион долари однапред, но одбил да ѝ дава процент за авторски права.

Таа открива дека за време на телефонскиот разговор со еден од директорите на „Нетфликс“ побарала пет отсто од авторските права, но од другата страна била пречекана со молк. Во есента 2017 година, потпиша договор со „Би-би-си“,  кој ѝ дава целосна креативна контрола и сопственост над својата серија.

Михаела поминала долг пат во создавањето на „Можам да те уништам“, драмска серија на „ХБО“ и „Би-би-си еден“ која се занимава со психолошката реалност и емотивното патување по сексуален напад.

Коел ја глуми Арабела, млада писателка која се обидува да го обнови својот живот откако била силувана.

Можете да прочитате

Речиси сите срцеви и мозочни удари се поврзани со овие четири фактори на ризик

TECHMECH 2025 – Саем за пракса и вработување на Машинскиот факултет

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД: „БИЗНИС ЛИДЕР“ ЌЕ ГИ НАГРАДИ НАЈУСПЕШНИТЕ МАКЕДОНСКИ КОМПАНИИ ЗА 2024 ГОДИНА