Утрински Весник
Магазин
300x250 opst2

„Нетфликс“ ќе доминира во 2021 со нови филмови секоја недела, цела година

„Нетфликс“ ќе доминира во 2021 со нови филмови секоја недела, цела година
Img 7972

Во 30-тите и 40-тите години од минатиот век филмското студио „МГМ“ испумпуваше 50 нови филмови годишно, од кои повеќето ги имаа најголемите светски sвезди во тоа време: Џуди Гарланд, Клерк Гејбл, Спенсер Трејси и безброј други. Коосновачoт и главен извршен директор на „МГМ“, Луис Б. Мајер, се пофали дека студиото има „повеќе sвезди отколку што има на небото“.

Но, антимонополската регулатива и телевизијата ставија крај на холивудскиот систем на доминација на студиото, и оттогаш ниту една компанија не е толку плодна.

Се чини дека стриминг-гигантот „Нетфликс“ е најблиску до доминација во 2021 година.

„Нетфликс“ им даде на своите претплатници 71 причина да се израдуваат откако соопшти дека ќе објавува нов филм секоја недела во текот на цела година, пренесуваат медиумите.

Стримерот соопшти во понеделникот дека ќе објави 70 нови оригинални филмови оваа година – речиси 50 повеќе од следниот најблизок конкурент, „Дизни“.

А во понудата на филмови има суперхеројски, вестерни, трилери, романтични комедии, акција и комедија, со најголемите и најдобрите светски sвезди, режисери и свежи лица.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

TECHMECH 2025 – Саем за пракса и вработување на Машинскиот факултет

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД: „БИЗНИС ЛИДЕР“ ЌЕ ГИ НАГРАДИ НАЈУСПЕШНИТЕ МАКЕДОНСКИ КОМПАНИИ ЗА 2024 ГОДИНА

Овие 2 знака ќе се збогатат или ќе освојат премија – и тоа веќе до ноември