Утрински Весник
Магазин

„Нетфликс“ се здружи со „Мајкрософот“, најавува промени во претплатата

Нетфликс се здружи со Мајкрософт за да им понуди поевтин план за претплата на корисниците кои ќе прикажуваат реклами или огласи.

dobivaj vesti na viber

Стриминг-гигантот соопшти дека услугата ќе биде дополнување на неговите постоечки планови, кои не вклучуваат реклами.

Компанијата сè уште не откри колку планира да им наплати на претплатниците за новата услуга.

Нетфликс го објави овој потег откако ја пријави својата прва загуба на претплатници по повеќе од една деценија и укина стотици работни места претходно оваа година.

Компанијата соопшти дека го избрала „Мајкрософт“ за свој глобален партнер за рекламна технологија и продажба со цел да воведе поевтина претплата со огласи/реклами“.

Можете да прочитате

Костадинов ќе стане татко – го очекуваат синот Никола

Синчето на Борко Ристовски најде 500 евра во маркет – мајката Нина го бара сопственикот

Бугати направи велосипед – поскап е од нов семеен автомобил