Утрински Весник
Магазин

„Нетфликс“: Ова е нашата најуспешна содржина со повеќе од 1,6 милијарди гледани часови

„Нетфликс“: Ова е нашата најуспешна содржина со повеќе од 1,6 милијарди гледани часови

„Сквид гејм“ во октомври официјално стана најгледана серија на „Нетфликс“ на сите времиња, а стримерот денес соопшти дека ги собори сите рекорди на гледаност и генерално стана нивна најгледана содржина досега.

Стриминг-гигантот ги објави податоците на новоотворената веб-страница која ги прикажува неговите најпопуларни серии и филмови на глобално ниво и во повеќе од 90 земји.

„Првата сезона од Squid Game имаше 1,6 милијарди часови гледани во првите 28 дена од објавувањето и помина девет недели на листата 10 најдобри серии на Нетфликс. Само минатата недела собра 42,790,000 гледани часови во светски рамки.“

На второ место е филмот Red Notice („Црвено известување“) со Двејн Џонсон, Гал Гадот и Рајан Рејнолдс во главните улоги, кој е прегледан 148,7 милиони часа на глобално ниво откако дебитираше на 12 ноември на „Нетфликс“.

Најпопуларна серија минатата недела беше третата сезона на серијата Narcos: Mexico со 50,3 милиони гледани часови.

Секој вторник, „Нетфликс“ќе ја ажурира страницата Top10 on Netflix со најдобрите 10 серии и филмови на стриминг-услугата.

Можете да прочитате

Овие знаци ќе привлечат пари во 2026 година

Колку често треба да имате секс за среќна врска? Експерт открива „златна средина“

Неврохирург открива на што родителите мора да внимаваат за здрав мозок кај децата